Нов пораз на Индијана, Леброн Џејмс се врати со победа

Индијана Пејсерс го забележаа четвртиот последователен пораз откако до крајот на сезоната останаа без својот најдобар кошаркар Виктор Одалипо, овојпат беа победени со 100:107 на гостувањето кај Орландо Меџикс.

Меџикс до победата ги предводеше Теренс Рос кој влегувајќи од клупата постигна 30 поени со четири скока и три освоени топки, а погоди пет од осум обиди за „тројка“.

Откако во екипата се врати Леброн Џејмс по 17 пропуштени натпревари, Лос Анџелес Лејкерс стасаа во продожението до победата од 123:120 во градското дерби против Клиперс. Џемс ги предводеше Лејкерс со 24 коша, 14 скокови и 9 асистенции.

Филаделфија 76ерс ја прекинаа победничката низа на Голден Стејт Вориорс по 11 натпревари, по победата во „Оракл Арена“ од 113:104. На Вориорс не им помогна ниту 41 кош на Стеф Кари кој гаѓаше за „тројка“ 10 од 18. Кевин Дјурент постигна 25 кошеви. Сиксерс ги предводеше Џоел Eмбид со 26 кошеви, 20 скокови и 5 асистенции, додека Бенм Симонд имаше ефект до 26 поени, 8 скокови, 6 асистенции и три освоени топки.

Во дербито на Источната конференција, Милвоки славеше во Торонто со 105:92, па така Бакс на својото тренер Мајк Буденхолцер му осигурија водење на екипата на екипата којашто на Олс-стар натпреваротк ќе ја избира Јанис Антетокунмпо кој со 19 кошеви предводеше седум гостински играчи со двоцифрен број поени. Крис Мидлтон додаде 18 поени, а стрелците наТоронто ги предводеше Паскал Сиакам.

Вечерта кога во шокантантата размена го доведота Криспата Порцингас од Њујорк Никс, кошаркарите на Далас Маверикс загубија со 89:93 на гостувањето кај Детроит Пистонс. Домашните до победата ги водеа Андре Дрампонг со 24 кошеви и 20 скиокови и Блејк Грифин со 24 поени, 10 скокови и 6 асистенции. Со само еден играч од првата петорка, Далас дури и добро се носеше. Харисон Барнес со 27 кошеви, 7 скокови и четори асистенции беше најдобар кај Маверикс, додека Лука Дончич остана на клупата, а Дени Смит помладиот, Деандре Џордан и Весли Метју веќе ги пакуваа коферите за патот во Њујорк.

Благодарејќи на ефектот на кариерата на Дерик Вајт од 26 кошеви и 6 асистенции, Сан Антониот Спарс на свој терене ги совладаа Бруклин Нетс со 117:113, а две слободни фрлања за победата постигна Ламаркус Олдриџ на 3,6 секунди до крајот,. Олдриџ за поедниците постигна 20 кошеви и 13 скокови, а Нетс ги предводеше Данџело Расел со 25 кошеви 9 асистенции.

 

РЕУЛТАТИ

Орландо – Индијана 107: 100

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 120: 123

Торонто – Милвоки 92: 105

Голден Стејт – Филаделфија 104: 13

Сан Антонио – Бруклин 117: 114

Детроит – Далас 93:89