Нов пораз на Интер, Хамшик го мина Марадона

марек хамшик, наполи

Водечкиот тим во италијанскиот фудбалски шампионат Наполи оствари нова победа во саботата совладувајќи ја свој терен во 18-то коло Сампдорија со 3:2, резултат постигна уште во првото полувреме, а капитенот Словакот Марек Хамшик на овој меч стана најдобриот стрелец во историјата на клубот, надминувајќи го легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона.

Гостите од Џенова двапати беа во водство против Наполи, со головите на Гастон Рамирез во 2-та и Фабио Кваљарела во 27 минута од пенал, но домашните успеваа да изедначат преку Алано во 16-та, Лоренџо Инсиње во 33-та за Марек Хамшик во 39 минута да направи целосен пресврт. Иако од тој момент до крајот на дуелот останаа повеќе од 50 минута, резултатот не се менуваше до крајот. Наполи натпреварот го заврши со играч помалку, бидејќи во 77 минута поради два жолти картона од игра беше исклучен Марио Руи.

Ова беше 116-ти гол на Хамшик во дресот на Наполи со кој го надмина Марадона со кој до саботата заедно го споделуваа рекордот. Словакот го постигна рекордниот гол во 11-та сезона во синиот дрес, а Аргентинецот постигна 115 голови но во седум години колку што мина во Наполи.

Наполи сега е во водство на табелата со 45 бодови, четири повеќе од Јувентус кој иа натпревар помалку кој го игра подоцна во саботата вечерта против Рома во дермбито на колото. Сампдорија, пак, е шеста со 27 бодови.

Третопласираниот Интер го доживеа вториот последователен пораз откако во првите 16 кола немаше загубено меч. Откако минатиот викенд загуби на домашен терен од Удинезе, во самотата „нероазурите“ беа совладани на гостувањето кај Сасуоло. Домашните славеа минимално а единствениот погодок на дуелот го постигна Деиго Фалчинели во 34 минута. Интер не искористи пенал во 49 минута, кога обидот на Икарди го одбрани Консиљи.

Удинезе лесно со 4:0 на свој терен ја надигра Верона. Стрелци беа Барак во 27 и 68 минута, Видмер во 44 и Ласања во 80 минута. Удинезе сега е осми со 24 бодови, додека Верона е претпоследна 19-та со 13 бодови.

Кротоне доживеа тежок пораз од 0:4 на гостувањето кај Лацио. Головите за домашните ги постигнаа Лукаку во 5-та, Имобиле во 78-та, Лулиќ во 86-та и Андерсон во 89 минута. Петтиот Лацио сега има 36 бодови, додека Кротоне е 18-ти со 15 бодив.

Во петокот Болоња како гостин го надигра Киево со 3:2, додека Фиорентина, исто така, како гостин беше подобра од Каљари

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.