Нов пораз на кошаркарите на Кливленд

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го доживеаја и шестиот пораз оваа сезона, а четврти на домашен терен, откако ноќта кон понеделникот во нивната арена ги совладаа Атланта Хоукс со 115:117, па актулените вицешампиони во НБА лигата моментално се наоѓаат на 12-то место во Источната конференција со сооднос меѓу победите и поразите од 4-6.

Орландо Меџик на свој терен беше совладан од Бостон Селтикс со 88:104, додека Сан Антониот Спарс како домаќин ги совладаа Феникс Санс со 112:95.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен паркет славеа против Мемфис Гризли со 107:102, а Њујорк ја победи Индијана со резултат 108:101, додека Минесота беше подобра од Шарлот со 112:94.

Вашингтон забележа гостинска победа кај Торонто со 107:96, а на гости подобри беа и кошаркарите на Мајами со 104:101 од Лос Анџеле Клиперс.

Портланд пред своите гледачи ја совлада Оклахома со 103:99, а во најефикасниот натревар на вечерта Хјустон со 137:110 беше подобар од Јута.