Нов пораз на ПСЖ во француското првенство

22

И покрај двете водста од 1:0 и 2:1 фудбалерите на Пари Сен Жермен во вторникот вечерта беа совладани со 2:3 од Монпелје, во заостанатиот меч од 34-то коло на француското превенство

Ова беше третиот пораз на ПСЖ во последните четири кола во Ле Шампионат, но парижаните ја обезбедија новата титула со голема бодовна разлика, па и ова губење на бодовите не претставува важен удар за нив.

ПСЖ поведе во 12 минута со автоголот на Амброа Ојонг, кога Хуан Бернат нафрли од левата страна, а бекот на домашните несреќно ја закова топката под гредата на својот голмат Бенжамен Леклонт. Девет минути подоцна Момпелје израмним, исто така, преку автогол, кога во сопствената мрежа топката ја втера Преснел Кимпембе кој автогол постигна и во финалето од националниот Куп против Рен.

ПСЖ дојде повторно во водство во 62 минута преку Ангел ди Марија, а израмни Анди Делор во 80 минита. Пет минути подоцна домашните направија целосен пресврт. Леандро Паредес се поигруваше пред својот гол што го искористи Елиес Скири кој му ја украде топката, а потоа му асистираше на Камара кој погоди за 3:2.

Натпреварот требаше да се игра минатиот викенд, но дуелот беше одложен поради финалето од францускиот Куп во кој ПСЖ во саботата играше против Рен. ПСЖ на тој натпревар поведе со 2:0, но на крајот загуби по изведувањето на пенал сериите. Победникот на купот Рен својот одложен првенствен меч ќе го игра против Монако во среда.

ПСЖ и пред овој дуел ја обезбеди шампионската титула, на чело на табелата е со 84 бодови, Лил е втор со 68 бодови, Лион инма 62, Сен Етјен има 59 бодов, а Монпелје е петти со 54 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.