Нов пораз за Шилегов: ГЕС не може да ја преземе топловодната мрежа

Нов ден, нов пораз за политиките на Шилегов. Откако изминатиов период неговата неспособност беше покажана на дело со катастрофалното справување со снегот, со срамното преименување на имињата на улиците на македонски херои со небитни личности од минатиот политички систем… деновиве Шилегов доби ладен туш и од Државниот завод за ревизија, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во извештајот за работењето на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, потенцирано е дека фантомски формираното јавно претпријатие на Шилегов, Градски енергетски системи, чија единствена цел беше превземање на топловодната (парно) мрежа и нејзино стопанисување, не може и не смее да ја превземе мрежата, бидејќи за стопанисување на истата лиценца до 2047 година има Балкан Енерџи Дооел. Со овој извештај паѓаат во вода сите планови и амбиции за превземање и стопанисување на парно мрежата во Скопје од страна на градот, кои беа помпезно најавувани од Шилегов, како една од главните карики во борбата против аеро загадувањето во Скопје. Она што е најтрагично, е што Шилегов ги задолжи граѓаните на Скопје до над 1 милион евра за формирањето на ова претпријатие, а вработените во истото целиот овој период земаат плата без ништо да работат, стои во нивната објава на Фејсбук и се додава:

„За потсетување, комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година, предупреди за нелогичноста на ова задолжување, со кое се предвидува задолжување од 1 милион евра и план за вработување на 110 лица во новоформираното претпријатие, без претходно Шилегов да обезбеди ниту една лиценца или сертификат за делување. Тогаш алармиравме дека делувањето на Шилегов е нелогично и е со обратен редослед, поточно тој прво формира претпријатие, се задолжува и вработува, а дури отпосле ги започнува постапките за обезбедување на соодветните дозволи и лиценци, за кои по две години дознаваме дека биле неуспешни. За да ја симплифицираме состојбата, ние во 2019 година ја дадовме следната аналогија „ Тоа е како да си ја урнеш куќата и да почнеш да градиш друга, сигурен дека банката ќе ти даде кредит, за кој не си ни поднел барање!“. Оваа нелогичност во чекорите на работење на Шилегов не е евидентирано само тука, туку и во формирањето на новото претпријатие за хуман третман на кучиња скитници Лајка, каде најпрво формира јавно претпријатие, со сите тела, директори и партиски вработувања, а потоа наредните две години истите ништо не работат чекајќи да се реконструира стационарот во Вардариште“.

Денес, потенцираат од Комисијата, февруари 2021 година, ја имаме следната состојба:
– Ова претпријатие има голем број на вработени кои повеќе од две години земаат плата, а не работат ништо;
– Граѓаните на Град Скопје за џабе беа задолжени за дополнителни 1 милион евра
– ГЕС останува без топловодната мрежа на БЕГ.
За жал, 3,5 години подоцна, жителите на Скопје остануваат најголеми жртви на лагите и манипулациите на Шилегов, а ова ќе остане запаметено како уште едно од големиот број на лажни „фантомски“ мерки во борбата со загадувањето на воздухот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.