Нов потоп на Волстрит за 4 отсто, но дното уште не е допрено

© AP Photo / Richard Drew

На њујорошки Волстрит во четвртокот, по уште едно драматично тргување, берзанските индекси потонаа за 4 отсто, со што е потврдено дека пазарот влегува во областа на корекција, откако низа години постојано растеше.

И на европските берзи во четвртокот цените на акциите остро паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,49 отсто, на 7.170 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX падна за 2,62 проценти, на 2.260 бодови, а парискиот CAC индекс се намали за 1,98 отсто, на 5.151 индексен поен.

На најголемата американска берза, пак, во текот на вчерашното тргување индексот Dow Jones потона за 1.032 поени или за 4,15 отсто, на 23.860 поени, додека S&P 500 индексот загуби 3,75 проценти и падна на 2.581 бод, додека технолошкиот индекс Nasdaq се намали за 3,90 отсто, на 6.777 индексни поени.

По овој дополнителен остар пад на цените на акциите, веќе трет во помалку од една седмица, потврдено е дека индексите Dow Jones и S&P 500 влегоа во областа на корекција, имајќи предвид дека двата индекса сега се во минус за повеќе од 10 отсто во однос на нивните рекордни нивоа достигнати на 26-ти јануари. Последен пат индексот S&P 500 беше во подрачјето на корекцијата во јануари 2016 одина, кога потона за 13,3 отсто под неговото претходно највисоко, а што беше тогаш последица од остриот пад на цените на нафтата.

Сега, пак, корекцијата ја предизвикаа податоците од американскиот пазар на трудот, објавени минатиот петок, кои покажаа дека вработеноста, но и платите, силно растат. А тоа би можело да ги поттикне потрошувачката и инфалцијата, па вложувачите стравуваат дека американската централна банка ќе го забрза темпото за зголемување на клучните каматни стапки. Централната банка на САД, Federal Reserve (Fed) минатата година ја зголеми цената на парите во три наврата за по 0.25-процентни поени, а се очекува дека оваа година дополнително ќе ги зголеми каматите во два до три наврата, почнувајќи од март.

Поради тоа растат приносите на обврзниците, па во четвртокот приносот од 10-годишните американски обврзници достигна 2,884 отсто, приближувајќи се до највисокото нови од почетокот на 2014 година. А повисоките приноси им штетат на акциите, поради тоа што растат трошоците за задолжувањата на компаниите и бидејќи дел од инвеститорите би можеле да повлечат дел од своите средства од акциите и да купуваат обврзници. Акциите со години беа многу поприлвечни за вложувања отколку обврзниците, имајќи ги предвид ниските приноси од обврзниците, но сега поголемите приноси ја зголемуваат конкурентноста на обврзниците.

Во сите 11 најважни сектори од составот на S&P 500 индексот цените на акциите во четвртокот забележаа пад, а паднаа и цените на сите 30 чинители на Dow Jones индексот.

Обемот на тргување на американските берзи достигна 10,6 милијарди акции, што е значително над просечниот дневен обем во последните 20 дена од 8,2 милијарди акции, што укажува дека вложувачите забрзано се повлекуваат од пазарите.

Така четвртокот беше уште еден ден на остри осцилации на цените на акциите, вклучутелно и понеделникот кога индексот S&P 500 забележа најголем дневен пад во последните повеќе од шест години, за над 4 отсто. Меѓутоа, прашината сé уште не е слегната. По остриот пад од минатиот петок и понеделникот, во вторникот и средата пазарот малку помалку осцилираше, па инвеститорите се надеваа дека пазарот го допрел дното. Меѓутоа, остриот пад на цените на акциите покажува дека до стабилизацијата на пазарот би можело да мине уште извесно време.

Правот од силниот тресок на акциите уште не е слегнат и се чини дека и купувачите и продавачите сега се обидуваат да разберат каква ќе биде идната насока на пазарите. Според сé судејќи, и следните денови може да се очекува слично тргување.

Корекцијата на цените на акциите беше долго очекувана, имајќи предвид дека дените на акциите со години растеа речиси без прекин и последните месеци постојано достигнуваа рекордни нивоа. Поддршка на пазарите на акциите им даваат јакнењата на најголемите светски економии, од САД и Кина до еврозоната и Јапонија, добрите деловни резултати на компаниите и неодамна воведената даночна реформа во САД, со којашто се намалуваат даноците на компаниите. Од друга стран, пак, дел од аналитичарите сметаат дека пазарот на акциите по повеќегодишниот силен раст и постојаното пробивање на психолошките бариери на вредноста на акциите е преценето, имаји ги предвид плановите на централните банки во светот оваа година да ги укинат поттикнувачките монетарни мерки коишто со години со ниската цена на парите ги поддржуваа растот на пазарот на акциите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.