Нов повик за обука на 500 невработени лица кај познат работодавач

Нов повик за обука на 500 невработени лица кај познат работодавач
Нов повик за обука на 500 невработени лица кај познат работодавач

Владата најави нов јавен повик за обука кај познат работодавач, при што со нови вештини и знаења ќе се стекнат петстотини невработени лица.

Ова денеска го најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на компанијата „Дока текстил“ во Валандово.

Оваа мерка носи поволности за невработените лица кои може да се стекнат со вештини и знаења кои се бараат на пазарот на труд и побрзо и полесно да стигнат до своето работно место, а од друга страна, пак, поволностите за приватните компани се да најдат соодветен кадар, со обука и понатаму да ја искористат мерката „Македонија вработува“, односно да бидат ослободени од плаќање социјални придонеси за секое вработено лице преку оваа мерка, изјави Спасов.

За реализација на оваа обука ќе бидат одвоени околу 11 милиони денари.

Директорот на Агенција за вработување Влатко Поповски рече дека обуката кај познат работодавач со текот на времето се прилагодувала на потребите на работодавачите и најави дека во иднина ќе се направат уште повеќе прилагодувања со тоа што ќе се одвојат полесните од потешките обуки. Обуките ќе траат и до шест месеци во зависност од нивната тежина.

Преку оваа мерка не само што ќе можат да се обучат, туку ќе можат и да добијат ослободувања од пакетот „Македонија вработува“ од 3 до 5 години во зависност во која старосна група се односно дали припаѓаат на групата на ранливи категории, истакна Поповски.

Прочитајте повеќе:

Илјада лица на обука кај познати работодавачи

Самовработување на лица со инвалидност