Американското министерство за правосудство спроведува претрес во куќата за одмор на претседателот Џо Бајден во Рехбор Бич во сојузната држава Делавер, во врска со документи кои носат ознака на висока тајност, потврдил адвокатот на Бајден додавајќи дека претседателот соработува со правосудните власти.
„Се согласивме на соработка. Повеќе информации ќе бидат објавени откако претресот ќе биде завршен“, наведува во писмена изјава за медиумите адвокатот Боб Бауер.
Приватните адвокати и советникот на претседателот Ричард Саубер кон средината на јануари потврдија дека уште пет документи со ознака за највисока тајност се пронајдени во гаражата и во куќата на претседателот Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер и тврдеа дека веднаш му биле предадени во Министерството за правосудство. Претходно адвокатите признаа дека откриле уште два сета строго доверливи документи се најдени во резиденцијата на Бајден и во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ од периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.
Овие откритија преставуваат голема непријатност за демократскиот претседател, бидејќи властите и Министерството за правосудство со месеци го истражува неговиот републикански претходник на должноста Доналд Трамп, откако доверливи документи беа најдени во неговиот посед на Флорида.
Доверливи документи, исто така, беа пронајдени во домот на Трамп, но за разлика од потпретседателите Пенс и Бајден, тој како претседател имал можност да ја симне или снижи ознаката за тајност од документите. Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.