Нов промотивен спот на ВМРО ДПМНЕ – Обновата доаѓа

243

Македонија од секој удар кој и бил нанесен излегувала посилна и силно возвраќала на ударот, порачува ВМРО-ДПМНЕ во новиот видео клип.

„Македонскиот идентитет значи да си победник и ние ќе ги донесиме победите. Ќе ставиме крај на поразите затоа што тоа и го должиме на Македонија, на Република Македонија!“, се вели во видеото на ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија едно е сигурно: „Следуваат промени на подобро, подобри времиња, квалитетни реформи, почитување на принципите и позитивни резултати кои ќе ги почувствува секој еден од вас. Тоа ви го ветуваме и тоа ветување ќе го исполниме. Обновата доаѓа!“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.