Нов протест на мајките кои се на продолжено породилно

Мајките кои се на породилно денеска ќе излезат на нов протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа.

Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата.

Викендот министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани после првиот протест во четвртокот.

Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.