Нов протест против аерозагадувањето: Да се запре труењето на децата

Граѓаните на протестот побараа власта да си ја врши работата и да излезе со конкретни мерки против аерозагадувањето, а ги повикуваа граѓаните да се мобилизираат и да се стави крај на овој сериозен проблем со загадувањето на воздухот.

40

Денеска се одржа трет протест против аерозагадувањето, организиран од иницијативата „Канцерогено општество“.
Граѓаните својот револт го изразија со блокирање на булеварот пред Собранието.

Со транспаренти „Дрисла-Чернобил”, „Ставете налепници на тешката индустрија”, „Уште колку можеме да издржиме?” „Да запре труењето на децата”, демонстрантите бараат од властите да ги решат регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и апелираат на заедничко делување со сите еко здруженија и активисти.
Граѓаните на протестот побараа власта да си ја врши работата и да излезе со конкретни мерки против аерозагадувањето, а ги повикуваа граѓаните да се мобилизираат и да се стави крај на овој сериозен проблем со загадувањето на воздухот.

Бараме јавно да се направи контрола на аерозагадувачите и да се измери колку тие го загадуваат воздухот. Не може власта да има свои здруженија и да си седат и да си зборуваат сами на себе. Не може да се занимавате со животна средина, а да немате критика во текот на целата година. Повикуваме на експертски дебати, ама политичарите одбиваат. Сакаме нашите парите да бидат квалитетно трошени, а не да се набавуваат прочистувачи на воздух кои ќе спасат само неколку луѓе, а што е со останатите, посочи еколошкиот активист ТОНИ Никушевски .

Ова се официјалните барања на иницијативата „Канцерогено општество“:

•Веднаш бараме свикување на итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот во нашата земја.
• Бараме итно вклучување на експерти(Доктори, Еколози, Еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата).
• Бараме владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем.
• Бараме вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.
• Како главно барање, владата и институциите да престанат со така наречени решениа кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.