Нов ракометар позитивен на Ковид-19 во репрезентацијата

Македонската ракометна репрезентација ќе патува за Швајцарија, каде што го игра вториот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година, а пред заминувањето беше откриен уште еден случај на ковид-19.

Сите ракометари на Македонија кои се тестираа имаа негативни резултати на ковид-19, но беше откриен еден случај во стручниот штаб, поради што тој член беше изолиран и остана во Скопје.

Поради позитивни тестови на ковид-19 досега од репрезентацијата отпаднаа Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски од ракометарите, додека имаше позитивни и во стручниот штаб, а тоа беа Александар Царчев, Радослав Стојановиќ и Никола Матлиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.