Нов раст на бројот на починатите и заразените со коронавирусот во Франција

401

Бројот на новите смртни исходи и зарази со новиот коронавирусот во Франција во средата беше повисок од просекот забележан последната седмица, а здравствените власти предупредуваат на можен нов бран од Covid-19.

Во средата потврдени се нови 663 случаи на зараза, додека во вторникот овој показател изнесуваше 475 заразени. Просекот на дневно ниво последната седмица беше 536 новозаразени. Во јуни овој просек изнесуваше 435, во мај 715 а во април дури 2.582 заразени на ден.

Вкупно заразени од коронавирусот од почетокот на епидемијата во Франција се 169.000 лица, од кои 77.985 досега оздравеле.

Директорот на француската агенција за јавно здравје, Жером Саломон, изјави денеска дека Франција мора да се подготви за вториот бран од епидемијата.

Во средата се забележани 32 смртни исходи од Covid-19, што е речиси двојно повеќе од просекот последната седмица. Со вкупно 29.965 починати, Франција е на шестото место во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.