ФОТО| Нов Регрутен центар на СДСМ ќе избира професионални војници

Скандалот кој очигледно има свои продолженија, покажува само дека власта нема веќе никаков кредибилитет да управува со јавните институции, каде што најсилен критериум за вработување е припадноста на политичка партија.

По скапналот со огранокот на СДСМ во Арачиново, кој преку официјалната фејсбук страница повика апликанти за работни места во армијата, кои, пак, требаше да да се јават кај шефот на огранокот, низ штабовите на СДСМ во Скопје повторно се појави плакат со Регрутен центар за вработување во АРМ. На огласот дури има оставено и контакт телефон со одговорни лица, наводни Миле, Цаци и Диме.

Во однос на претходната „регрутација преку СДСМ Арачиново“, по бројните реакции од јавноста и опозицијата, од социјалните мрежи е избришан спорниот пост. Следуваше и образложение дека објавата на ја напишале од огранокот во Арачиново, туку профилот им бил хакиран. И од СДСМ се оградија од постапка на огранокот во Арачиново и најавија истрага и одговорност.

Деновиве, од СДСМ и Владата се бараат одговори како тоа во земја-членка на НАТО професионални војници се вработуваат преку партиски ограноци.

Скандалот кој очигледно има свои продолженија, покажува само дека власта нема веќе никаков кредибилитет да управува со јавните институции, каде што најсилен критериум за вработување е припадноста на политичка партија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е само кулминација на тоа што СДСм и ДУИ го прават изминатите пет години.

„Максималната партизација во секоја институција ја донесе државата до ова дереџе. За ваквата пракса за партиски избор во АРМ сигурно знаеле и дезертерот Ковачевски и Миле Зечевиќ и министерката Славјанка Петровска и во најмала рака за ваков срам ќе имаше оставка уште вчера“, посочуваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.