Нов рекорд во Србија, 579 новозаразени со коронавирусот

Во Србија во петокот со направени 8.209 тестови потврдени се 579 заразени лица со коронавирусот со што земјата го забележа новиот дневен рекорд според бројот на заразите, соопшти тамошниот кризен штаб за следење на епидемијата.

Во последните 24 часа починале уште три лица, изјави членката на кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. Од почетокот на епидемијата во Србија на 6-ти март, досега од Covid-19 починале 786 лица, а вкупно заразени се 38.700 лица.

Повеќето од половината од околу две илјади новозаразени од почетокот на седмицата се во Белград, а 85 отсто од заболените е на возраст до 60 години.

Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференцијата рече дена на еден потврден случај на зараза со коронавирусот доаѓаат уште пет до десет случаи, но оти симптомите се најчесто такви што тие лица ниту знаат дека заболеле, поради што сугерираше „сите да се однесуваат како да се потенцијални носители на заразата“.

Додаде дека во моментов има 530 хоспитализирани пациенти, од кои 24 пациенти поради компликации се на респиратори.

Вкупниот број потврдени лабораториски случаи 15 отсто бараат хоспитализација, но Кесиќ Тепавчевиќ појасни дека во претходните бранови на епидемијата таа бројка се качувала и до 25 отсто од сите заразени.

„Помалиот процент хоспитализирани пациенти во однос на вкупниот број заразени е охрабрувачки и покажува дека сега сме позашитени отколку што бевме во март годинава, но индиректно укажува и дека е послаба активноста на вирусот“, додаде Кесиќ Тепавчевиќ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.