Нов рекорден број на антисемитски напади во САД во 2019-та

. (AP Photo/Craig Ruttle)

Соединетите држави забележале во текот на минатата 2019 година рекорден број антисемитски дела, а еврејската заедница стравува од нов пораст на екстремизмот кој може да дојде заедно со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Пукањата во кошер-дуќанот во Њу Џерси, во синагогата во Калифорнија или нападот со нож во домот на њујоршкиот рабин се некои од највпечатливите примери од минатогодишните антисемитски напади.

Годишните бројки коишто во вторникот ги претстави Антидифамациската лига (ADL) укажува на „најмногу забележани антисемитски дела од 1979 година“.

Вкупно 2.107 дела на агресија, насилства и вандализми се забележани во 2019-та, а претходно највисок број на ваквите дела е забележан во 2017-та, кога имало 1.986 напади, се наведува во извештајот на организацијата којашто се бори против расизмот и анатисемитизмот и веќе 40 години го белижи бројот на нападите извршени по оваа основа.

Овие податоци говорат во прилог на предупредувањата за пораст на антисемитизмот во САД, кои долго беа сметани за сигурно место за европските Евреи.

Во 2018-та биле регистрирани помал број антисемитски напади, но од друга страна таа година се случи нападот во синагогата во Питсбург во кој беа убиени 11 луѓе, што е највисока жртви кога и да е во некој напад врз американската еврејска заедница.

Во ланскиот напад на синагогата во калифорниски Поувеј во април беше убиено едно лице, четири загинаа во нападот во кошер-дуќан во Џерси во декември, а неколку лица беа повредени од кои едно подоцна почина во домот на њујоршки рабин во текот на еврејска прослава.

Повеќе од половината антисемитски напади се случиле во Њујорк, каде што живеат повеќе од милион Евреи, меѓу кои е и ортодоксната еврејска заедница во Бруклин. Меѓутоа, напади се регистрирани во сите делови на САД, освен на Алјаска и на Хаваи.

Во ADL стравуваат од нов пораст од ваквите насилства, поради пандемијата којашто е причина за експлозија на невработеноста во САД, што пак е причина за реакции на екстремисти и психички лабилни лица.

„Пандемијата ја прави целата земја бнервосна и ја храни вознемираноста. Ако погледнеме во истројата, имаме причини за загриќеност“, изјави Џонадата Гринблат, директор на ADL, наведвуајќи ги како пример 30-те години од минатиот век во Германија.