Нов рекордер во Ф1: 17-годишниот Ферстапен Јуниор ќе дебитира на Сузука

Возачот на Торо Росо во Формула 1, Макс Ферстапен со само 17 години во петок ќе испише историски момент во Формула 1, кога се очекува да дебитира во Формула 1 на слободните тренинзи за Големата награда на Јапонија.

Ферстапен со само 17 години на „Сузука“ ќе го надмине Себастијан Фетел, четиркратниот светски првак, кој досега беше најмлад дебитант во историјата на „октанскиот циркус“. Ферстапен со 17 години ќе биде за две години помлад од Фетел, кој во Ф1 дебитираше со 19 години и 53 дена.

„Едвај го чекам петок и влезот во светот на Формула 1. Подготовките за овој момент траат повеќе од една година. Подготвен сум. Самиот настап на тренингот за мене значи остварување на сите соништа“, вели Ферстапен јуниор.

„Мојот татко неколкупати возел на Сузука и ми рече дека патеката не е баш најпријатна и не е лесна за деби. Но, нема лесни патеки. Јас не бркам рекорди, сакам само да стекнам искуство“, додаде тој.

Верстапен ќе го вози болидот на Жан Ерик Верње.

Извор: спортмедиа.мк