Нов шок од српскиот епидемиолог Несторовиќ: Имав коронавирус, но не бев во самоизолација, јадев свинско и мирисав лаванда!

Српскиот професор д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, открил како гостин во емисија на ТВ Б92 дека го имал коронавирусот, но исто така признал дека не бил во самоизолација затоа што морало многу да се работи.

„Скоро сум сигурен дека имав коронавирус уште на самиот почеток затоа што имав треска и дијареа веќе два дена и се чинеше дека е тоа. Не бев во изолација затоа што немаше време за тоа и мораше да се работи. Тоа помина брзо кај мене, но јас не инфицирав никого затоа што бев општествено одговорен“, изјавил д-р Несторовиќ во емисијата.

Во разговорот со српските медиуми, кога го прашале зошто не е во самоизолација и зошто не е тестиран, како што е препорачано на сите, тој посочил дека не се однесува неодговорно кон себе или кон луѓето околу него.

„Во еден момент, навистина мислев дека е можно да го имам вирусот, но ги немав тие проблеми. Можев да јадам свинско месо, не го изгубив чувството за мирис, што е првиот симптом на коронавирусот. Тогаш имавме бројни состаноци во Владата, каде што се сретнав со разни луѓе. Седум или осум од нив се разболеле, дури и готвачката Во тоа време, бев преплашен, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам моите по дома, го напуштив станот и се преселив во Обреновац. Лежев три дена, имав треска два дена и го направив тој брз тест, што беше негативен. Следниот ден, веќе бев на нозе “, изјавил Несторовиќ, кој ги имал овие проблеми на крајот на февруари.

Тој исто така тврди дека коронавирусот циркулирал во Србија долго пред да биде откриен првиот пациент заразен со Ковид-19.

„Ако сега се потврди дека коронавирусот била присутен во Италија на 27 декември, тогаш веднаш по католичкиот Божиќ, кога голем број наши луѓе доаѓаат во Србија на празниците, нема шанси вирусот да не циркулирал во нашата земја од јануари. Се сеќавам дека испитував едно момче пред првиот кризен штаб, за кого сега сум сигурен дека тој имал коронавирус, затоа што ги имаше сите симптоми. Тој кашлаше во мене, но за среќа, имам силен имунитет“, рекол Несторовиќ и открил дека се проверувал секое утро со мирисање на лаванда, со оглед дека губењето на мирисот е првиот симптом на коронавирусот.