Нов штрајк в недела на авиокомпанијата Ер Франс – КЛМ

Вработени во холандскиот авиопревозник КЛМ повторно ќе штрајкуваат в недела со барања за повисоки плати и подобри работни услови, соопшти синдикатот.

Вработените задолжени за ракување со багажот и останати од компанијата што не се во авионите на Ер Франс – КЛМ нема да работат четири часа в недела почнувајќи од 11 часот по Гринич.

Претходните двочасовни штрајкови предизвикаа десетици одлагања и откажување на летови на амстердамскиот аеродром Схипхол двапати оваа недела.