Нов силен земјотрес кај Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтеровата скала е забележан изутринава во Јонското Море, северозападно од грчкиот остров Закинтос, објави весникот „Катимерини”.

Според првичните податоци од Институтот за геодинамика во Атина, земјотресот бил на длабочина од 13 километри, а засега нема информации жртви или материјални штети.

Според Европскиот сеизмолошки центар, јачината на земјотресот изнесувала 4.9 степени.

Сеизмичката активност се зголеми во областа по земјотресот со јачина од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври.