Лажна адвокатка застапувала по судови низ Македонија

Нов скандал ја тресе Судската власт во Република Македонија. ОхридСкај  објави дека охриѓанка без положен парвосуден испит и без Лиценца за вршење на Адвокатска дејност, над две години работела како адвокат низ судовите во Македонија.

Имено охриѓанката повеќе од две години работела како aдвокат, дури постапувала и била повикувана и за бранител-aдвокат по службена должност, застапувајќи лица кој немале можност да ангажираат приватно адвокат.

Лажната адвокатка била случајно откриена од судиjка од Основниот Суд во Охрид,  Весна Кичеец, која на „адвокатката“ и побарала aдвокатска легитимација, а и се обратила по писмен пат со Барање до Адвокатската Комора на РМ, да се произнесат дали ова лице поседува Адвокатска Легитимација и дали истата е член на Адвкоатската Комора на РМ.

За настанот било известено и ОЈО Охрид, но од страна на Основниот Суд во Охрид едноставно Молк?!

Во ваков случај, според Закон, судот е должен да донесе решение со кое сите постапки каде како правен застапник се појавува лажната адвокатка, без оглед на исходот на сите спорови, да ги прогласи со решение за НИШТОВНИ, тоа требало Основниот Суд во Охрид, а и другите судови, до сега да го сторат, но зошто се молчи, останува да се произнесе Републичкиот судски Совет….

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.