Нов скандал на Шилегов: Фирми блиски на СДСМ добивале тендери

И презентиравме на јавноста повеќе скандалозни одлуки на Шилегов каде преку изигрување на законите,  процедурите и правилата се доделувале тендери на фирми блиски до СДСМ, истакна на денешната пресконференција Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека досега Шилегов се поврзуваше со три местења на тендери, односо случајот со Семос, фирма во која сопственички удел има токму сопругата на Црвенковски, таков беше случајот и со ДР Пановски и со фирмата Брилијант , фирми блиски до СДСМ и нивни спонзори.

Уште е еден во низата е  тендер кој Шилегов го доделил на фирма која се поврзува со СДСМ.

„Петре Шилегов ја прифаќа жалбата на фирмата Оптикооп Скопје, која се жали со уште две други фирми по отворениот повик за набавка на моторни масла на ЈП Македонија пат.  длуката за избор на најповолен понудувач на пет други фирми се поништува.  И се поради жалбата на Оптикооп.   Сопственици на Оптикооп се Ѓоше и Марика Мирчеви, дедо и баба на Игор Ивановски Шема, односно татко и мајка на неговата сопруга.  Со ова решение потпишано од Петре Шилегов фирмата во сопственост на дедото и бабата на Игор Ивановски Шема се враќа во игра за вреден тендер“, појасни Трпески.

Според него, имајќи го предвид начинот на кој Шилегов постапувал, спротивно на законот и со заобиколување на процедурите во претходните случаи, можете само да е  замисли за каква зделка станува збор и овој пат.

„Г-дине Шилегов колку тендери со ваш личен потпис припаднале на дедото и бабата на Игор Ивановски од СДСМ?  И уште колку други фирми блиски до раководството на СДСМ се офајдиле од вашата работа?“, праша тој додавајќи дека едно  е сигурно нема крај на скандалите на Петре Шилегов.

На крај, тој му порача на Шилегов да одговори колкава заработка му донела  позицијата прв човек на второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на СДСМ и дали тоа е изворот на неговото  богаство?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.