Нов скандал на синот на Бајден – речиси 9 000 фотографии со проститутки и дрога

Речиси 9.000 експлицитни фотографии од синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, објави десничарската невладина организација Марко Поло. Тоа се фотографии од лаптопот на Хантер кој му беше предаден на ФБИ, а во кој освен фотографии имаше мејлови и пораки кои освен за неговиот бурен приватен живот, фрлија сомнеж дека Хантер ги користел врските на таткото за да изнудува пари од кинески нафтени магнати, да тргува со влијание, па дури и го поврзаа со наводните биолаборатории во Украина.

На 8.864-те фотографии прикачени на страницата bidenlaptopmedia.com се гледа Хантер сликан при секс со проститутки и користи дроги, но има и семејни фотографии и фотки од секојдневието.

Сите фотографии датираат од периодот од 2008 до 2019 година, а некои имаат прикачени географски координати. Така можете да видите дека Хантер е снимен на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканска Република, Западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и насекаде низ САД.

Според Дејли Мејл, фотките се автентични и одговараат на фотографиите кои претходни ги имаше објавено порталот. Автентичноста ја потврдиле и експерти за сајбер-форензика.

Невладината „Марко Поло“ морала да ги затемнува голотијата, но и боревите на кредитни картички и други доверливи информации на бројните фотки.

– Ако Американците сакаат да знаат како е нивното прво семејство, ќе го добијат тоа. И ние нема само да објавуваме фотографии кои ги прикажуваат Бајденoвци во добро светло – рече основачот на невладината, Зиглер, додавајќи дека им било потребно околу два месеци да ги „редактира гениталиите“ на сите фотографии.

Зиглер кој има 28 години порано работел во Белата куќа. На вебстраницата bidenlaptopmedia.com тој објави и 120.000 е-мајлови од Хантер.

Адвокатот на Бајден Јуниор, Кевин Морис, го тужеше Зиглер во април, обвинувајќи го за вознемирување, нарушување на приватноста на Хантер и за „погрешно претставување (на делата) како криминал“.

Бајден Јуниор е обвинет за 459 кривични дела, вклучително и кривично дело проституција, дистрибуција и поседување дрога, измама на владини агенции, нелегално странско лобирање и перење пари.

Лаптопот на Бајден бил предаден на ФБИ во декември 2019 година, според документите разгледани од The Post, а копија од дискот била доставена од Руди Џулијани и од други советници на тогашниот претседател Доналд Трамп неколку месеци пред изборите во 2020 година.