Нов скандал во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот- Љупчо Јаневски, кој воедно е и генерален секретар на ДОМ, по скандалот со неиздвојување средства за ниту еден проект за Охрид, имал пари за унапредување на партиските послушници од ДОМ, пренесува порталот Охрид24.мк.

Имено, директорот неодамна унапреди пет лица- кадри на ДОМ и eдно лице од ДУИ. И додека од една страна, истиот тој директор брка луѓе од работа – членови на ВМРО-ДПМНЕ заради партиски причини, од друга страна, унапредува луѓе заради партиски заслуги.

За да биде работата уште по апсурдна, директорот Јаневски назначува лице – секретар на кабинетот на директорот!? Го потсетуваме овој самоумислен министер дека кабинет не може да има директор, пренесува Охрид24.

За крај, апелираме да се одвои за момент од својата канцеларија или според него, кабинет и да се посвети на проблемите во туризмот, од типот можноста за загуба на УНЕСКО статусот, сивата економија во туризмот, банкарските гаранции во туризмот….има многу работа за тој што сака да работи на клучни проблеми и приоритети, наместо да се покажува и докажува кај својот two-face шеф Зоран Заев, пишува порталот.