Нов скандал во Министерството за одбрана – Лице со безбедносен ризик поставен за командант во Штип

Министерството за одбрана продолжува со низата скандали предводени од министерката Радмила Шеќеринска. Со катастрофалната нова структура на сили, со која се згасна Полкот за специјални операции – популарните „Волци“, се укинува сквадронот на борбени хеликоптери, се маргинализира тенковскиот баталјон во „Б“ формација, лошата одбранбена политика продолжува преку политизација и партизација на воената професија.

Почнаа и првите поставувања согласно новата структура на сили и на клучните позиции се поставува исклучиво партиски послушници, иако не ги задоволуваат основните критериуми во описот и пописот на работното место.

За командант на вториот пешадиски баталјон во Штип е поставен потполковник Стојанче Костов, истакнат член и активист на СДСМ, кој во 2017 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации му има врачено решение со кое го одбива да му издаде безбедносен сертификат со степен „Државна тајна“.

Поставувањето на лица кои претставуваат безбедносен ризик во Армијата на клучни и високи позиции е јасен показател дека министерката за одбрана нема ниту капацитет, ниту визија да ја води Армијата.

Поставувањето лица без безбедносен сертификат во Министерството за одбрана се чини дека на министерката и станува навика, ако се земе во предвид дека и Раководителот на военото разузнавање Горан Василевски имаше проблеми со безбедносниот сертификат, но Шеќеринска сепак го игнорираше тој факт за сметка на неговата слепа послушност кон неа и СДСМ.