Нов случај на малверзации со тендер во Македонски пошти

Две лица вработени во Македонски пошти му овозможиле на сопственик на приватна фирма противправно да заработи 25 илјади евра.

Во 2012-тата година првопријавениот, вработен во службата за јавни набавки во Македонски пошти во договор со управителот на Аспект-Плус дал усмен налог за изготвување техничка спецификација идентична на обезбедената мостра за фотокопирна хартија, со што директно влијаел на Комисијата за јавни набавки при одлуката за избор на најповолен понудувач.

Управителот на фирмата Аспект- Плус која го добила тендерот, иако бил свесен дека испорачал хартија со послаб квалитет од тендерираната, на Македонски пошти им фактурирал хартија со висок квалитет, што никогаш не ја набавил од овластениот увозник.