Нов снежен бран и ниски температури од петок

Времето утре ќе биде исто како денес- променливо облачно со повремен дожд и снег на пониските места, а на планините само од снег.

Температурите до 6 степени во Скопје.

Во петок ќе има нови обилни врнежи кои заради продор на постуден воздух ќе бидат претежно од снег и ќе се формира нова снежна покривка во поголемиот дел од земјата.