Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик

Во организација на министерот за правда Бојан Маричиќ, попладнево се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, Демократски Сојуз, парламентарни партии на помалкубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива.

На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, кој помина во конструктивна атмосфера повторно се разговараше за политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени, а претставници на партиите ги изнесоа политички ставови, предлози и размислувања во однос на измените.

Договорено е овие разговори во ваков формат да продолжат следната недела.