Нов статут на Војводина: Нови Сад не е веќе главен град

Ова се само некои од новините од текстот на Статутот на Војводина, усогласен со препораките од Уставниот суд на Србија и предаден на Одборот за прашања во врска со уставно – правната положба на Покраината.

Наместо терминот Влада на Војводина, кој е поништен од Уставниот суд, исто така постојат неколку решенија: Да се врати стариот назив Извршен совет на Војводина, но и воведувања на нови термини, како Покраинска влада, Покраински совет на министри.

Договорено е од  8 до 18 април, да се направат консултации со пратеничките групи, а после Одборот за прашања на уставно- правната положба на Војводина, ќе го утврди конечниот текст на нацрт – статутот на Автономната Покраина Војводина.

Доколку текстот првенствено добие „зелено светло“, за што е потребно двотретинско мнозинство, следна проверка ќе биде во српското Собрание, каде што во склад со одлуката на Уставниот суд, статутот треба да биде потврден до 6 јуни.

Тоа што експертите успеале да изменат две третини од текстот на статутот на Војводина, како што барал Уставниот суд на Србија, не значи дека тој ќе доби поддршка од најголемата опозициска партија во покраинскиот парламент.