Нов Зеланд бара од своите војници да не одат во Украина на „неплатено отсуство“

Вооружените сили на Нов Зеланд контактираат со војниците кои се на неплатено отсуство за да ги потсетат да не патуваат во Украина, по извештаите за загинувањето на новозеландски професионален војник како „доброволец“ на украинското боиште, пишува весникот New Zealand Herald.

Претходно новозеландската војска потврди дека добила информација за загинување на новозеландски војник во Украина. Според војската, тој во тој период бил на неплатено отсуство.

Според весникот The Guardian, станува збор за 30-годишниот каплар Доминик Абелен. Неговите пријатели тврдат дека Абелен се приклучил на Меѓународниот легион во Украина, формиран можеби и пред почетокот на руската инвазија, и биле во првите борбени редови. Според портпаролот на новозеландската организација на ветерани „No Duff“, Арон Вуд, десетици војници од Нов Зеланд извршуваат борбени и неборбени задачи во Украина.

Како што забележува весникот, се смета дека во моментов неплатено отсуство земале 94 припадници на новозеландските вооружени сили, но не се поседуваат колку од нив можеби се на боиштето во Украина.

„Вооружените сили на Нов Зеланд имаат намера да сторат сѐ што е можно за да бидат контактирани припадниците кои се на неплатено отсуство и да ги потсетат на нивните обврски“, се наведува во одговорот на војската за весникот.