Според информациите на Сеизмолошкиот завод на Србија, овој земјотрес бил со јачина од 2,3 степени.
ЕМСЦ известува и дека голем број граѓани на Столац, Чапљина, Метковиќ, Читлук и Мостар пријавиле нов земјотрес.
Да потсетиме, српскиот институт вчера на 28 мај регистрираше два земјотреси.
Првиот земјотрес е регистриран кај Мостар во 16:52 часот, со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала. Вториот земјотрес, кај Тузла, се случи во 18:47 часот, со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.