(ВИДЕО) Нов земјотрес ја стресе Албанија, распука булевар во Драч

Неколку минути пред 22 часот, во Албанија повторно е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер, пренесуваат во саботата вечерта албанските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил во Хамалај, крај Драч. Потресот повторно предизвика паника и во главниот град во Тирана, каде дел од жителите излегле надвор од своите домови.

Потресот регистриран во 12,53 часот во Хималај предизвика распукување на главниот булевар во градот Драч, што предизвика огромна паника кај жителите. Треперењето на почвата делумно го оштетила коловозот на патот кој води од Градското собрание на Драч кон населбата Волгес.

Засега нема други информации за дополнителни оштетувања, а се информира дека бил силно почувствуван и во другите албански градови.

Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија со послаб интензитет.

Пред неколку дена Драч, Тирана и околината беа погодени од силен земјотрес, во кој животот го загубија 51 лице, а речиси седум стотини се повредени.

Афтершоковите продолжуваат по разорниот земјотрес со магнитуда 6,4 од вторникот утрото, и од тогаш се регистрирани стоци подземни удари од кои десетина имаа магнитуда околу 5 според Рихтер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.