Нов земјотрес во Скопје

Нов земјотрес ноќва беше почуствуван во Скопје, соопшти скопската сеизмолошка обсерваторија при природно-математичкиот факултет.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, на 14.09.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 01 часот и 32 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.2. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во информацијата до јавноста.