Нов Жито Маркет во Железара

Жито Маркети го отвори својот нов супер маркет во населбата Железара, на улица Филип Филиповиќ 2А. На простор од 440 метри квадратни во маркетот има 3 наплатни каси и тим од 17 вработени. Како и повеќето големи маркети на Жито, овој малопродажен објект има и своја месара, пиљара и одел за печени пилиња.

„Нашата компанија веќе има докажан квалитет на производите по ниски цени, а посебно задоволство ми преставува што и жителите на Железара ќе имаат шанса да се уверат во тоа. Жито Маркети ќе го направиме достапен во секое маало во Република Македонија и ќе продолжиме и понатаму да ги задоволуваме потребите и барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.

Zito Market vo n. Zelezara (2)

Работното време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.

На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето.