Нова амбуланта во Миладиновци: Поставен камен-темелник

Миладиновци ќе добие нова амбуланта
Нова амбуланта Миладиновци

Почнува да се гради нова амбуланта во Миладиновци.  Во присуство на поголем број граѓани, камен темелникот на новата амбуланта го поставија министерот за здравство, Никола Тодоров, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ.

Градоначалникот Стојановски на поставување камен-темелник на новата амбуланта во Миладиновци
Градоначалникот Стојановски на поставување камен-темелник на новата амбуланта во Миладиновци

Новата амбуланта ќе се простира на површина од 250 метри квадратни, а на пациентите ќе им бидат на располагање две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и оптимален број на тоалети.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 14 милиони денари, средства обезбедени согласно трипартитниот договор помеѓу Министерството за Здравство, Општина Илинден и Здравствен дом Скопје.

Министерот Тодоров на поставување камен-темелник на новата амбуланта во Миладиновци
Министерот Тодоров на поставување камен-темелник на новата амбуланта во Миладиновци

На локација до постоечката која што е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните, до крајот на септември годинава ќе никне нова амбуланта. Со нејзината изградба ќе се овозможат квалитетни здравствени услуги за жителите од Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.

Општина Илинден во интерес на своите граѓани продолжува да инвестира во оваа област. За таа цел, во населба Илинден приватен инвеститор ќе отпочне со изградба на нов Здравствен дом на површина од 4.000 метри квадратни, со кој на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги.

Реализацијата на капиталниот проект – Изградба на Здравствен дом е една од зацртаните приоритетни цели во Стратешкиот план за Локален економски развој на Општина Илинден 2012-2016 година, со што Општината останува на своите трајни определби континуирано да се грижи за здравјето на жителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.