Нова аудио снимка: Мерко и Џафери договараат судии за струшкиот суд

Снимка на која се слушаат гласови за кои објавувачот тврди дека се на поранешниот министер за правда Муса Џафери и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна Ел Чека, кој веќе втора година тонски снимени материјали објавува од странство.

Според објаснувањето објавено над снимката, двајцата споменати договарале назначување на судии во струшкиот суд.

-Но, Рамиз вели дека треба да биде тајна да не се дознае дека тие ги назначиле, затоа што Албанците се секогаш виновни дури и кога не прават никакво кривично дело, бидејќи судиите се во рака на кланот од Зајаз со копилињата надолу и горе, пишува во описот.