Нова белгиска инвестиција во Петровец која ќе вработи стотина лица

Во индустриската зона Чојлија во општина Петровец ќе се гради нова фабрика за обработка на метали. Станува збор за белгиска инвестиција која ќе овозможи вработување на стотина лица, најавија во четвртокот локалните власти

Индустрискиот објект кој ќе се простира на површина од околу 7.000 квадратни метри, се очекува да биде пуштен во употреба најдоцна за две години.

Сé поголем е интересот за инвестирање во општина Петровец, а најпривлечни за инвеститорите се индустриските зони Чојлија и Р’жаничино, рече градоначалникот Борче Митевски.

Во последниве четири години, 128 странски и домашни компании инвестирале на територијата на Петровец.

Поради големиот интерес, започната е постапка за пренамена на земјоделското земјиште во градежно со цел да се овозможи изградба на дополнителни две индустриски зони, информираат од општината.