Нова бомба – Шекеринска со ДУИ договара гласање во ДИК

Снимен телефонски разговор меѓу Радмила Шекеринска од СДСМ и Фатмир Бесими од ДУИ, објавен е на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во разговорот се договара како да гласа претставникот на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи, за локалните избори во Центар и Куманово.

Битна работа, утре ќе ти влијае…Многу ќе биде битно како ќе одлучува ДИК, сега одлучуваат, мнозинството го прави Субхи, вели Шеќеринска во Снимениот разговор.