Нова бура голема закана за Велика Британија

Велика Британија се подготвува за нова атланска бура, кој ќе биде проследена со удари на ветрот со брзина до околу 130 километри на час.

Метеоролошките служби најавуваат доаѓање на „монструозна бура“, која ќе предизвика бранови високи до десет метри.

Метеоролозите објавиле предупредување за лошите временски услови за јужниот дел на Англија и Велс, најавувајќи ги силните бранови и поројните дождови.

Се очекува лошите временски услови да продолжат и во следните денови, проследени со пороен дожд и силен ветер.

Во Велика Британија во текот на изминатите два месеци наврна најголема количина на дожд во изминатите 100 години. Дождот ширум Велика Британија без прекин паѓал 21 ден.