Нова демократија бара избори за народот да одлучи за Преспанскиот договор

Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци, соопштуваат од партијата.

19

Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер, ја отфрлаат поканата за ТВ дуел меѓу Ципрас и Киријакос Мицотакис и одново бараат избори „за народот да одлучи за Договорот од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци. Тогаш, Парламентот што ќе произлезе од изборите со одлука на граѓаните, да одлучи за ратификација или отфрлање на Договорот од Преспа, соопштуваат од Нова демократија.

На крајот од соопштението велат дека веројатно е грчкиот премиер да го отфрли овој нивен предлог, па затоа имаат и втор: ТВ дуелот што го предлага  Ципрас, да го одржи со Панос Каменос „за отворено да разговараат за нивната врска”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.