Нова експлозија на поштенска пратка во Холандија

Уште една пратка со експлозивна супстанција експлодирала во Амстердам, објави во четвртокот на својот профил Twitter, холандската полиција.

„Во една компанија експлодирал поштенско плико со експлозив. Едно лице биле изложено на чад, како превентивна мерка на местото на настаноте е екипа на Брзата помош. Полицијата спроведува истрага“, се наведува во објавата.

Според холандската јавна реади-телевизиска корпорација, експлозијата се случила во филијала на банката ING.

Претходно во четвртокот поштенска пратка со експлозив била откриена во холаднскиот град Ласден. Таа била адресирана на компанијата „Unisys“. Специјалистите го неутрализирале експлозивот, соопшти полицијата.

Ден претходно во Холандија експлодираа две поштенски пратки со експлозив. Една од експлозиите се случи рано утрото во центарот за сортирање на пратките во експозитурата на банката „ABN Amro“ во Амстердам, а втората во претставнипштво на јапонската компанија „Ricoh“во градот Керкраде во 8,30 часот. Во двата инцидента немаше настрадани.

Сомнителен пакет беше пронајден и во канцаларија на „ABN Amro“ во градот Маастрихт. Според полицијата, оваа пратка сепак не содржела експлозив.

Подоцна полицијата извести дека испраќачот на експлозивните коверти барал да му биде исплатена одреден сума во биткоини. Доколку не му биде удоволено на барањето, се заканил дека ќе продолжи со ваквите активности.

Минатиот месец поштенски пратки со експлозиви беа доставени на адресите на повеќе разни компании во Амстердам, Ротердам, Утрехт и Маастрихт. Ниту една од нив не се активираше. Поради ваквите инциденти полицијата апелираше на претпазливост.

Особено внимание, како што потенцираше полицијата, треба да се обрати на белите коверти со све марки и испечатена адреса, спакувани во пластични омоти. Како испраќач на овие пратки е даночната агенција во Ротердам, но на ковертот го нема логото на агенцијата.