Нова ескалација на ситуацијата во Украина

“Во артилериски напад на украинската армија затрупан е рудникот “Скочински” во близина на Доњецк, поради што под земја останаа 379 рудари”, изјави Едвард Башурин, преставник од Министерството за одбрана во Доњецка Народна Република, пишува RIA Novosti.

Украинската војска започнала напад врз позициите каде се наоѓаат силите за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република, и тоа на сите линии на фронтот, а до овој момент има и 15 загинати.

“Гранатирана е населбата Маринка, како и неколку други населени места”, истакнал Министерот за одбрана на ДНР, Владимир Кононов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.