Нова еврообврзница до крајот на јули до 800 милиони евра

Македонија до крајот на јули ќе издаде нова еврообврзница во висина до 800 милиони евра со рок на достасување до 10 години. Оваа еврообврзница ќе треба да служи за покривање на дупките во приходите во буџетот кој настанаа поради коронавирусот.

Инаку Владата на Македонија бара средства и од Меѓународниот монетарен фонд и од Светска банка но колку од бараните средства ќе добие ќе се знае деновиве.

Од ММФ земјава бара 176 милиони евра, а од Светска банка околу 80 милиони евра. Земјава се обидува да добие парични средства и од Европската Унива во висина до 100 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.