Нова генерација за темелна обнова на Македонија

Негде на средината на минатиот век, заврши најтешката војна во историјата на светот. Тогаш, полкот кој го предводеа Германците изгуби, а Германија беше на работ на пропаста. И тогаш, во тие најтешки и најкритични моменти проработе националната свест кај Германецот, реши сѐ да стави на страна, а државата да си ја стави во преден план. Тогаш Германецот реши да се обедини и од пепелта да ја обнови, тогаш до земја разрушената Германија. Денеска 70 и кусур години подоцна ја гледаме Германија каде е, а се друго е историја… Сега сме При крај на втората деценија од новиот век. Велеа, век на иднината ќе биде. Век во кој човекот ќе ги вкуси сите благодети на планетата. За остатокот од светот баш и не знам, но за нас Македонците овој век започна со најсцрното можно сценарио. Војна, крв, поделби… И така и продолжи. Еве скоро 20 години подоцна ништо не е променето. Потклекнавме на секој начин. Образованието пред колапс, здравството во кома, а системот веќе погребан. Дали ‘режимот’ или ‘демократијата’, сосема небитно, затоа што главното прашање е дали Македонецот во 21 век живее живот достоен на човек или живее живот под рефренот на Рацин ‘ Ај пуст да е, пуст да би останал живот кучешки’. Нејсе, како млада, нова генерација обврска ни е да им помогнеме на оваа кревка и разнишана нација да се крене, како феникс, и да проба да ја обнови скоро разрушената Македонија. Од денеска, како Германците некогаш, потребно е да се сплотат сите млади, стари, интелектуалци, работници, патриоти, режимовци и демократи да ги акнат секирите во земја и да започнат процес за Обнова на оваа држава. Процес кој и те како ни е потребен, за да можеме да го извадиме образованието од бездната, здравството да го разбудиме од кома, а системот да го реанимираме. Потребна е нова, силна генерација на политичари кои националниот интерес, односно интересот на секој граѓанин, на секој Македонец ќе го стават пред својот личен интерес. Интересот на Македонецот ќе го стават пред интересот на криминално рекетарските банди, пред интересот на ситните олигарси кои со експлоатација на Македонецот и ресурсите во Македонија станаа регионални моќници. Потребна е свежа крв, ветар во грб за наша Македонија. Затоа потребно е да се обединиме сите родољубци, патриоти, конзервативци, демохристијани, десничари.. За да ја обновиме МАКЕДОНИЈА! #ОбноваНаМакедонија!!

Марија Бојковска, дел од раководството на МААК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.