Нова германска инвестиција во Прилеп, 250 нови вработувања

Германска компанија од автомобилската индустрија ќе ивестира во Прилеп, каде ќе бидат овозможени 250 нови вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжинери и менаџери, кои ќе се обучуваат во Германија.

germ_komp (2)

Во присуство на инистерот за странски инвестиции Бил Павлески, претставници од германската компанија „Акомпласт“ и градоначалникот Марјан Ристески денеска во просториите на Локалната самоуправа беше оддржана прес – конференција во врска со донесената одлука за реализација на инвестиција на германската компанија „Акомпласт“ во Прилеп.

germ_komp (3)

-Со почнување на изградбата на фабриката паралелно ќе се гради и инфраструктурата, а локалната самоуправа ќе ја пружи својата комплетна логистика за спроведување и комплетно реализирање на оваа инвестиција. Ќе биде финансиски погодна за градот Прилеп, посочи Градоначалникот Ристески, истакнувајќи дека со отворањето на фабриката во зоната во Прилеп се отвора нова можност за работа на прилепчани.