Нова грчка партија освои силна јавна поддршка

Новата грчка партија „Потами“, што беше основана неодамна од познат новинар, брзо ја придобива јавната поддршка, покажуваат неколку анкети, пренесе „АФП“.

„Потами“ – (река) е основана од Ставрос Теодоракис. Според истражувањето за формацијата ќе гласаат меѓу пет и седум отсто од гласачите во Грција.

Новата формацијата е рангирана како трета политичка сила по владејачката партија „Нова демократија“ и левичарската опозициска партија „Сириза“, кои најверојатно ќе соберат околу 15,5 отсто од гласовите на претстојните избори.