Нова хуманитарна помош од Црвениот крст за поплавените во тетовско

Нова хуманитарна помош од Црвениот крст за поплавените во тетовско
Нова хуманитарна помош од Црвениот крст за поплавените во тетовско

Црвениот крст на РМ од денес ќе изврши втора дистрибуција на хуманитарна помош за настраданото население од полавите во Тетово и околината. Помошта се состои од 200 пакети храна, 150 пакети средства за хигиена, 250 ќебиња и вода за пиење.

Собрани 1.039.500 денари преку донаторски телефонски линии

Заклучно со 25.08.2015 година преку донаторските телефонски линии од трите оператори во Република Македонија обезбедена е парична помош во вкупен износ од 1.039.500 денари. На сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија уплатени се вкупно 1.646.403 денари.  Во досегашниот период во хуманитарната акција на Црвениот крст на Рeпублика Македонија обезбедена е помош од повеќе донатори, правни субјекти и граѓани, како што се: Кожувчанка, Пивара АД Скопје, Алкалоид, Мак Оил, Стопанска банка, Реплек, Про кредит банка, Македонкси Телеком, Општина Охрид, Комфи Ангел, Лајонс клуб, Анекс, Промес, КАМ Маркет, Македонска пошта, Фудбалска федерација на Македонија, Aмериканска амбасада и др. Поддршка во акцијата обезбеди и Црвениот крст на Албанија.

Црвениот крст на РМ изразува голема благодарност на сите донатори кои обезбедија поддршка во хуманитарната акција за помош на настраданото население од поплавите во Тетово.

Акцијата е во тек и трае до 31 август 2015 година. Помошта во  средства за хигиена (средства за дезинфекција) и  храна може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), и  магацинот на Црвен крст во Тетово на ул. „Фрушанска“ бб. (контакт тел. 070 706 255).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

– Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвениот крст на РМ донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите. За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

Помош за мигрантите

Седум мобилни тима составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери 24 часа обезбедуваат поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.
Седум мобилни тима составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери 24 часа обезбедуваат поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.

Седум мобилни тима составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери 24 часа обезбедуваат поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.

Црвениот крст на РМ активно е вклучен во обезбедување помош и на мигрантите кои транзитираат низ Македонија. Седум мобилни тима составени од лекари, парамедици, логистика и волонтери 24 часа обезбедуваат поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.

Секојдневно се обезбедува и помош во средства за хигиена, храна и вода за пиење. 15 волонтери на Црвениот крст од страна на инструктори од УНХЦР од Женева извршија обука за подигање на камп.

Поддршка за мигрантите обезбедија и неколку компании од земјата. За мигрантите секој ден се подготвуваат и сендвичи со донација на производи од компаниите Везе Шари (1т салама), Еко Шар (500 кг. кашкавал) и  поддршка на Про кредит банка. Вода за пиење обезбеди Пивара АД Скопје.