Нова инвестиција во Гази Баба

Нова инвестиција во Гази Баба

Градоначалникот Тони Трајковски и генералниот директор на фирмата Мак Аутостар, Зоран Марковски, потпишаа Договор за продажба на државно градежно неизградено земјиште.

Оваа постапка се спроведуваше согласно Законот за отуѓување на градежно земјиште по пат на лицитација, каде фирмата Мак Аутостар беше победник на лицитацијата.

Градежната парцела е во површина од 5060 м2, вкупната површина за градба изнесува 1733 м2, а планираната развиена површина изнесува 12131 м2.

Во овој дел е планирано да се изгради деловен простор, кој ќе претставува можност за проширување на капацитетите на компанијата, а истовремено општината ќе добие убав уреден комплекс.

Инвестицијата на фирмата која во следнот период треба да се реализира ќе изнесува околу 7 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.