Нова измама со лажна сообраќајка: На велешанец му зеле 1.500 евра

67

На 07.09.2020 во СВР Велес, Т.Т.(74) од Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра. Според пријавеното, во 16.00 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне.

Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.