Свет

Нова кавга меѓу германските демохристијани околу имигрантите

Нова кавга меѓу германските демохристијани околу имигрантите

Во рамките на владејачката демохристијанска унија Христијанско-демократската унија (CSU) на германската канцеларка Ангела Меркел и баварската сестринска Христијанско-социјална унија (CSU) повторно се разгоре судир по прашањето на насоките на политиките кон имиграцијата поради што министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер беше принуден да го одложи претставувањето на својот „Мастер-план за миграцијата“ кој требаше да биде објавен во вторникот.

„Јас носам одговорноста за оваа земја и за прашањето на управување со миграциите. Стапувањето на миграцискиот план на сила затоа не можеме бесконечно да го одложуваме“, изјави Хорст Зехофер од CSU во понеделникот вечерта во Берлина откако во јавноста истекоа информациите за несогласувања меѓу него и канцеларката Ангела Меркел.

Според германските медиуми, кавгата меѓу Меркел и Зехофер избувнала поради точката за Мастер-планот кој предвидува запирање на барателите на азил без лични исправи и лица на коишто веќе еднаш им е одбиено барањето за азил на германските граници.

Меркел во разговорот за јавниот сервис ARD аргументираше дека со тоа се кршело правото на Европската унија. „Овие национални меки се косат со мерките на Европската унија“, рече Меркел којашто се залага за сеевропско решение на проблемот со имиргациите.

Ваквите мерки, во прв ред, би ја погодиле Австрија, бидејќи повеќето баратели на азил и беглаци во Германија влегуваат преку австриско-германската граница. Се очекува дека оваа тема ќе се најде на дневниот ред при посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц на Берлин во вторник, кога се предвидени и негови разговори со канцеларката Ангела Меркел и со министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Како што пренесува германската новинска агенција DPA, Меркел стравува дека едностраните национални мерки кога станува збор за мигарициските политики дополнително го намалува степенот на солидарноста во рамките на ЕУ кога станува збор за бегалците. Од редовите на CSU, кој последните години е најжестокиот критичар на бегалските политики на Меркел, ја критикуваат канцеларката и ги отфрлаат тврдењата дека станува збор за концепт кој не е компатибилен со правото на ЕУ.

Социјалдемократската партија на Германија (SPD), којашто заедно со Унијата CDU/CSU на сојузно ниво ја сочинува владата, ја критикува CSU поради брзината со којашто ги носи одлуките во врска со имигрантите. „CSU е во предизборен модус“, изјави потпретседателот на социјалдемократите Ралф Стегнер алудирајќи на покраинските избори во Баварија во октомври на коишто на CSU му се заканува губење на апсолутното мнозинство коешто го има со децении. На последните избори CSU загуби многу гласови во полза на антидоселеничката и евроскептична Алтернатива за Германија (AfD), по што раководството реши поконкретно да се дистанцира од либералната доселеничка политика на Ангела Меркел.